На која локација ќе се сретнат Трамп и Ким?

0
142

По историската средба на Јужна и Северна Кореја, се подготвува теренот за нов состанок. Треба да се сретнат американскиот претседател, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун.  Американскиот претседател  Трамп  „охрабрен“ од  Самит на лидерите на Северна и Јужна Кореја  изјави дека размислува за две локации за можна средба во наредните недели со северно корејскиот лидер  Ким Џонг-Ун,  додека пак неговата гостинка германската канцеларка  Ангела Меркел го пофали за „силата“, што ја демонстрирал во однос на тоа прашање.

„Во моментов ги организираме средбите. За локација ги намаливме варијантите на две земји“- вели Трамп.

Започнува нова ера откако  Ким Џонг Ун и Мун Џае Ин објавија крај на војната. Се постигна договор за целосна денуклеаризација  на Корејскиот полуостров.

faktor.mk