На лицата со попречености да им се овозможи да ги покажат своите таленти

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост од Битола денеска го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост со изложба на Васко Војновски и изработени ракотворби од страна на членовите на „Порака“. На овој начин тие споделуваат што се можат да направат овие лица, да ги покажат нивните таленти, потенцијали со цел овие лица подобро да се вклучат во сите сегменти во општественото живеење, но и како еден од начините за надминување на предрасудите и стереотипите во заедницата.

-Овој ден одбравме сите да бидеме исти. Секој од нас носи талент и идеја која е потребна во општеството. ПОчитувајќи го кодексот на еднаквост укажуваме почит кон различностите и гио докажуваме нашите способности, изјави Јулијана Трајчевска, претседател на центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Битола.

На овие лица треба да им се овозможи да го покажат она што го можат.

-Ја користам приликата да апелирам до сите родители кои имаат лица со интелектуална попреченост, со посебни потреби, да ги извадат од дома, не мора кај нас, да ги однесат било каде, во областа на спортот, ликовната уметност, да се дружат и да покажат се што можат. Дека можат е денешната изложба на Васко која премина од обично цртање на тетоважи до вистински уметнички дела. Прво црташе со црно, недефинирани фигури, но со самата работа почнаа да се препознаваат ликови во самите тетоважи, вели Трајчевска.

Покрај изложбата, тие организираа инклузивна ликовна работилница во соработка со неколку основни училишта од Битола со која даваат порака за недискриминација, еднаквост, соживот, љубов и другарство, порака на исти вредности и принципи. Како дел од активностите беше и предавањето од страна на СВР Битола кои го имаа во Центарот за лицата со попречености „Порака“.

Share.