„На магаре долж линијата на Македонскиот фронт“

0
674

Еден век подоцна, двајца патувачи придружувани од водичот Петар Нолев, со магаре и мазга, ќе појдат по патот на борците на Македонскиот фронт од 1916 годи-
на: 240 километри пеш, од Битола до Солун.
12 дена низ рововите на Македонскиот фронт, но и по стапките на Роберт Луис Стивенсон („Патување со магаре низ Севените“, 1879 год.) и поезијата на Френ-
сис Џејмс (1868 – 1938). Патувачите ќе водат дневник во којшто ќе ги опишат најсилните мигови, доживувањата и историските случки по трасата.
Двајцата патници се Емануел Рембер, дипломат и автор на „Шапката на Баренц“(ед. Magellan et compagnie, 2009), „Немирни денови во Либија“ (ед. Equateurs,
2014) и „Лотарингија“ (ед. Pierre-Guillaume de Roux, 2017), и Емануел Ешт, новинар(Les Echos, l’Express) и издавач (ед. „Perrin“).

Во Битола се одржува научна конференција „Заштита на неборците, од Македонскиот фронт од Првата светска војна до денес“.

Сознанијата за реалноста околу заштитата на неборците на Македонскиот фронт во текот на Првата светска војна се далеку поскромни отколку оние за Западниот фронт. Основна цел на оваа научна конференција е запоз
навање со условите на примарната заштита којашто им била давана на неборците за време на борбите на Македонскиот фронт во Првата светска војна. Потоа, на еден дијахрониски начин, конференцијата ќе поттикне на размислување за судбините на неборците во текот на изминативе сто години. Таа ќе отвори прашања поврзани со страдањата за време на борбите и
по нивното завршување, обидите тие да се намалат, како и надежите за мир.

Научната конференција се организира во рамките на одбележувањето на стогодишнината од Македонскиот фронт во Прата светска војна.

Организатори се Амбасадата на Франција во Македонија и Францускиот институт во Скопје, со подршка на неколку организации, а од партнерите и Француската алијанса во Битола и Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола.