ТЕРА

REKLAMA???

НА МАЈКАТА НА НАВАЛНИ И БИЛО КАЖАНО ДЕКА СИН И ПОЧИНАЛ ОД „СИНДРОМ НА НЕНАДЕЈНА СМРТ“

Тимот на Алексеј Навални ги обвини руските власти дека се обидуваат да ги „прикријат трагите“ со тоа што одбиваат да им го предадат телото на мртвиот критичар на Кремљ на неговите роднини.

„Очигледно е дека убијците сакаат да ги прикријат трагите и затоа не го предаваат телото на Алексеј, кријат дури и од неговата мајка“, се вели во објавата на неговиот тим на Телеграм.

Претхдно портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш рече дека неговото тело не било во мртовечницата во Салехард, град во близина на затворската колонија каде вчера Навални почина.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, рече дека мајката и адвокатот на Навални ја посетиле мртовечницата, но таа била затворена, и покрај уверувањето од затворската колонија дека таа работи и дека телото на Навални е таму.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави за ДПА дека времето на смртта на рускиот дисидент Алексеј Навални – само три часа пред закажаниот почеток на Минхенската безбедносна конференција на која присуствуваа главните западни лидери – не е случајност.

Персоналот во казнената колонија ја известиле мајката и адвокатот на Алексеј Навални дека најпознатиот критичар на Кремљ починал од „синдром на ненадејна смрт“, објави Иван Жданов, истакнат сојузник на Навални.

Велика Британија ќе преземе одредени мерки поради смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и ги повикува другите земји да го сторат истото, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

По изјавата на кинеската Влада дека смртта на Алексеј Навални е внатрешно руско прашање, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од Минхенската безбедносна конференција остро ја искритикува пораката, велејќи дека смртта на опозиционерот не е внатрешно прашање, оти сите знаеме дека виновник за смртта е авторитарниот режим на Кремљ.