На мексиканската граница САД испраќаат дополнителен број обвинители и судии заради имигранти

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Властите во Вашингтон испраќаат на мексиканската граница 35 обвинители и 18 судии за имиграциски дела за да се справат со зголемениот број нелегални имигранти кои се обидуваат да влезат на територија на САД.

Тоа го изјави главниот американски обвинител Џеф Сешнс.

– Никој нема да дозволи масовни собирања на нашата граница ниту со колони автобуси, ниту на каков било друг начин, изјави Сешнс.

Десетици луѓе од Хондурас, Гватемала и Салвадор минаа трета ноќ по ред пред американски граничен пункт на границата со Мексико во реонот Тихуана. Тоа се случи откако во колона автобуси поминаа низ целата територија на Мексико со цел да побараат азил во САД.

(Миа)

Share.