ТЕРА

REKLAMA???

НА НОВА СЕДНИЦА ЌЕ СЕ НОСАТ КРИТЕРИУМИТЕ И СТАНДАРДИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ УРБАНА ОПРЕМА

Првата седница на работното тело за поставувањето урбана опрема во Битола се одржа на 20 март.  Потоа почна предизборниот период за двојните избори, а за после 22 мај е планирана нова седница на ова тело.

На неа како што за Тера телевизија вели советничката Анастасија Трајковска која претседатева со ова работно тело ќе бидат изнесени мислењата и препораките на стручните лица који работеа на оваа тема.

Заедно со сите засегнати страни треба да се пристапи кон донесување на одлука за изготвување нова, односно ревидирање на посточеката програма за поставување на урбана опрема и одлука за утврдување на критериумите и стандардите за поставуање на таа урбана опрема.

Трајковска вели дека се надева оти седницата на работното тело ќе се случи по завршувањето на редовната седница на советот на Општина Битола закажана за 22 март.

Ианаку на 20 март годинава се одржа конститутивната седница на работното тело за поставување урбана опрема на територијата на Општина Битола. На седницата присуствуваа претставници на стручната фела, на инситуцијата за заштита на спомениците и културното наследство, советници, претставниици на угостителите, како и членови на јавната администрација.