На пладне во центарот на Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И денеска продолжи бележењето на хоризонталната сигнализација на улиците низ Битола.

Според информациите од општина Битола се работи за редовно пролетно бележење од страна на изведувачот, но и корекција на местата каде што сигнализацијата е избледена, а тоа паѓа на товор на изведувачот.

Ова бележење го регистриравме денеска некаде околу пладне во центарот на Битола. Заради сообраќајниот шпиц, очигледна беше и нервозата кај возачите и кај пешаците.

Јавноста коментира дека ваквото бележење се случува во време кога тоа прави проблеми во нормалното одбивање на сообраќајот.

 

 

Share.