Според информациите од Автомото сојузот на Македонија сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Слаб снег провејува во Тетово, Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.












