На „Преспаленд“ со Владо Јаневски

Неделата вечерта беше резервирана за музичка забава на Конект бич во Сливница. И покрај лошото време пред стартот на двата концерта и финалето од европското фудбалско првенство, гости и расположение имаше и за концертот на Владо Јаневски. Пред него настапија Дац и Александар.

И додека тие беа на сцена ние се сретнаме со македонскиот романтичар Владо Јаневски. Со него зборуваме за тоа како ја помина затвореноста поради пандемијата и што како лекција научивме од неа.

И покрај корона кризата тој издаде нови песни, а контактот со публиката, како за него така и за секој изведувач е непроценлив.

Владо Јаневски со неговиот концерт беше дел од првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата „Преспаленд“.

Сподели