На програмата на Тера се дружиме со музичките ѕвездички од Си-До

Се наближува денот на одржувањето на 25 јубилејно издание на најпопуларниот детски фестивал Си-До. Фестивал од кој досега излегле многу популарни детски песни кои ги пеат и децата и возрасните. Тоа е фестивал кој е музички белег на Битола и која ја продолжува традицијата на музичка Битола и од кој излегле многу музички имиња.

Годинава 18 песни ќе слушнеме на детската фестивалска сцена на Ракометното игралиште во Битола, од домашни изведувачи. Фестивбалот ќе се се оджи на 30 август ( понеделник) од 20 часот.

Од утре на програмата на Тера Телевизија ќе имате можност да се запознаете со 18- те ѕвездички од годинашното издание.

Од понедлник до петок во 10:00 часот, потоа во 15:20 и во 17:45 И во деновите од викендот ќе се дружиме, односно ќе ви ги претставиме учесниците на годинашниот фестивал.

Сподели