На Ременски и е одземен пасошот и не смее да го напушти Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот.

Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член  146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, Забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница,

додека за Х.Б. мерка за претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 – Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет, стои во соопштението на судот.

„Сакам да направите разграничување помеѓу случајот „Рекет“ воден против тројцата осомничени за кои денеска ЈО најавува обвинение. И проширување на истрага во однос на Меѓународен сојуз. Побарани се мерки против мене и очекуваме одлука. Не чувствувам вина. Обвинителството имаше само еден доказ пред судот  во делот на аргументацијата, јас ќе чекам обвинителството да го докаже тоа што ми го става на товар“, рече Ременски.

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски во новата истрага за измама поврзана со „Меѓународен сојуз“, изјави дека не чувствува вина. 

Share.