На струмичкиот карневал учествуваа над 2.000 учесници со 41 маска

0
491
Member of the carnival group performs during a carnival procession in the closing carnival night in the southeastern Macedonian town of Strumica, The Former Yugoslav Republic of Macedonia ,17 February, 2018.Macedonians are marking Trimery, an Orthodox Christian holiday, when evil spirits are chased away with dance rituals. The holiday marks the beginning of the fasting period ahead of Easter.

Повеќе од четири часа траеше големото дефиле на струмичкиот карневал кој и годинава понуди разновидни маски, совршени креации и одлични  музичко сценски настапи.

Околу 2.000 учесници поделени во 42 карневалски групи продефилираа по струмичките улици. Ги имаше од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба – Холандските антили кои на плоштадот организираа сумба и румба забава со струмичани.

Во карневалската поворка предничеа струмичките карневалски групи.

Карневалот го следеа десетици илјади посетители претежно од земјава, но и Бугарија кои уште од ноември лани  закупија дел струмичките хотели. Гости по струмичките улици имаше и од соседна Грција, Србија и Црна Гора кои ги окупираа струмичките кафеани до раните утрински часови.

sdk.mk