Маноло Гименез, препознатливиот глас на легендарниот бенд Gipsy Kings, ќе одржи незаборавен концерт, на 30 ноември, во Центарот за култура. Настанот ќе биде исполнет со хитови како „Bamboleo“, „Volare“, „Jobi Joba“ и други безвременски класици.
По заминувањето од бендот, во декември, 2010 година, Маноло го формира својот проект ,,MANOLO Voice of Gipsy Kings”, со кој продолжува да ја негува и промовира музиката која го направи популарен, настапувајќи на светските сцени.
Со над 2 милиони продадени албуми, Маноло плени со своите харизматични настапи, комбинирајќи каталонска румба, фламенко и поп музика. Неговите концерти се вистински спектакли, преполни со енергија, ритам и повик за танц!












