ТЕРА

REKLAMA???

НА ТРЕТИОТ ДЕН ОД НОВАТА ГОДИНА КАЖАА ШТО ЌЕ РАБОТАТ

Со почетокот на Новата година, Општина Битола, продолжува со посветена работа преку дореализација на започнатите проекти и подготовка за отпочнување на нови проекти кои произлегуваат од приоритетите на граѓаните, согласно усвоените Програми и средствата планирани во општинскиот Буџет, вака денеска информираат од Општината.

А ова се планираните активности :

–        Реконструкција на коловоз на улица „8-ми Септември“ (влез од страна на Скопје)

–        Изградба на коловоз и инфраструктура на улица кај Дулие (ЛИДЛ и БЛИС)

–        Изградба на три нови паркинг простори зад „Декорпод“, на улица „Романија“ и „Ат Пазар“

–        Изградба на нови спортски игралишта во Брусничка населба и ОУ Елпида Караманди

–        Реконструкција на коловоз на улица „Булевар 1-ви Мај“ (од Црн Мост до  улица Столарска)

–        Проектирање и реконструкција на патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел на општината

–        Ставање во функција на електронска наплата на данок на имот и интегриран ГИС систем и систем за електронски постапки

Но, велат од таму, покрај наведеното, продолжува поддршката на спортот, културните настани, социјалната заштита, животната средина и многу други проекти, чија реализација ќе ги промени и подобри условите во општината.