На три места во градот пукнаа водоводни цевки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вечерва нешто после 19 часот пукна водоводна цевка на Бул. „1 мај“ кај населбата „Кланица“ во Битола. Се работи за голема профилна цефка Ф-300 што пак предизвика и поплавување на улицата.

Од ЈП „Водовод“ велат дека вториот дефект е на улицата „Партизанска“, што пак прави и дел од населбата „Буковски ливади“ да нема вода и третиот дефект е во населбата „Долно Оризари“.

Од претпријатието објаснуваат дека во периодот во кој имавме екстремно ниски температури што пак доведе и до мрзнење на многу цевки, со подигнувањето на температурата и одмрзнување на цевките, доаѓа до зголемен приситок што предизвикува пукање на цевките со поголеми профили заради зголемениот притисок.

Директорот Горан Козаров рече дека веднаш се реагирало со три екипи на терен кои работата на санирање на состојбата.  Заради дефектите делови ќе останат без вода, а кај други ќе има вода со намален притисок.

 

 

Share.