ТЕРА

REKLAMA???

НА ТУМБЕ КАФЕ ОД 1911 ГОДИНА

Тумбе Кафе претставува ридско – планински предел сместен на јужниот дел на градот Битола. Има големо значење за градот, бидејќи е едно од познатите места за рекреација на битолчани. Поврзано е со битолското шеталиште и битолскиот најголем парк, така што доколку се шета од Широк Сокак надолу кон шеталиштето, на самиот крај на истото продолжува нагорнина, односно се влегува во ридот Тумбе Кафе.

Стадионот кој сега се вика „Петар Милошевски“, порано беше само стадионот под Тумбе Кафе.

Исто така овој дел од градот е познат и по тоа што на Тумбе Кафе се наоѓа и зоолошката градина, а од поновата историја и изградениот амфитеатар, кој служи како летна сцена, иако не привлече многу внимание за одржување настани.

Една од градбите на која нема кој не се сеќава, особено оние од повозрасната генерација е кафеаната, односно летната бавча.

Сега се враќаме во многу далечната 1911 година и годините потоа да ја видиме оваа локација преку фотографиите кои се од фондот на Браќа Манаки од Битолскиот Архив.

И порано и денеска оваа локација е рекреативна зона со справи за вежбање и рекреација, доби и пешачка патека на потегот Тумбе Кафе – Смолево.

Некаде април 2024 година беше направен увид на активностите за почеток на реализација на проектот за изградба на пешачка патека.

На 11.596.320 денари беше склучен договорот за проектот кој локалната самоуправа го реализираше во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.