ТЕРА

REKLAMA???

НА 1180 СРЕДНОМЕДИЦИНСКИ КАДАР ДО КРАЈОТ НА МАРТ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ДАДАТ РЕШЕНИЈА

Министерот за здравство Арбен Таравари во интервју за Радио Слободна Европа вели дека кога бил министер само 100 дена во 2017 година, имаше проблем со приватните специјализанти, кои што не беа третирани од државата.

„Што направивме за 600 вкупно приватни специјализанти, за сите нив донесувме одлука во влада и на 30-ти декември минатата година, 2024 година, го поминавме во финансии и здравство, за да, до крајот на март сите добијат решение за работа. Значи да бидат вработени, бидејте тие се потенцијални кандидати за да избегаат од државата“, вели Таравари.

Но, Вие донесувате одлука дека ќе бидат вработени, но не беа вработени. Требаше до крајот на 2024 година 300 да бидат вработени, и 300 до крајот на 2025 година, ама си уште тие се не вработени.

„Значи, тие се доктори кои што не беа предвидени во систематизацијата на болниците. Ние не знаевме колку има специјализанти по која област. Ни требаше време тие да се пријават на апликација. После, ние сите тие да ги испратиме во болниците.
Во Министерствата за здравство и финансии воВладатае поминато на 30-ти декември. Што треба сега да направиме? Сите болници, сите здравствени установи, треба да направат нови систематизации.

Затоа ова доцни, Но набргу, некои од болниците веќе имаат нови систематизации, около 20 се тоа. Набргу можат болниците веќе сами да објават конкурси и да ги работат.

Што ке значи тоа? Кога ќе можат овие 600 луѓе реално да очекуваат вработување?

„300 ќе бидат вработени до крајот на март, 300 други до крајот на декември 2025 година, оваа година. Имено 1200, односно 1180 средномедицински кадар, генерално, кои што беа договорци по 5, 10 и повеќе години, исто така, до крајот на март, треба на сите овие да им се даде решение во здравствените установи. Меѓутоа, чекаме заедно со специјализантите и овие да бидат третирани“ вели министерот за здравство.