ТЕРА

REKLAMA???

НА 18 ДЕКЕМВРИ ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ „СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ”

Со Концерт на Хорот „Стив Наумов”, на 17 декември во Офицерскиот дом од 19:00 часот, Општина Битола, започнува со програмските активности по повод Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски”.

Следниот ден, на 18 декември, кога и се одбележува празникот, програмата започнува со Литургија  во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј”, по што продолжува Литијата низ улиците на Битола.

Во 14:00 часот, во Офицерскиот дом, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ќе им ги додели пофалниците на наградените талентирани ученици од основните и средните училишта во градот, кои аплицираа на јавниот повик објавен од општината, а преку кој локалната самоуправа, настојува да покаже соодветно внимание за вложениот труд на младите ученици и да ги поттикне на понатамошни успеси, соопштија од Општина Битола.