На 25 април во Виена

0
188

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, идната недела, на 25 април ќе имаат нова средба со посредникот Метју Нимиц во Виена, брифираат неофицијално извори од грчкото МНР.

Иако Коѕијас за време на раговорите во Охрид најави дека наредната средба ќе биде на 3/4 мај, најверојтно во Солун, грчки извори велат дека оваа во Виена веројатно е иницирана од Нимиц, но не исклучиваат дека по неа ќе следи и онаа што беше планирана.

Според извори во Атина, клучна ќе биде средбата во Софија за време на самитот на ЕУ во мај.

Инаку, Коѕијас пред два дена, кога беше објавен Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија изјави дека Македониај во јули нема да влезе во НАТО, бидејќи кратко е времето за постигнување договор.

mkd.mk