На 300 метра од соседите, Ромите живеат полошо од нив

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ромите во Северна Македонија сочинуваат 9,6 проценти од населението. Во земјите од Западен Балкан, дури и кога од нивните соседи од други заедници живеат на оддалечност не поголема од 300 метра, Ромите имаат различен пристапот до пазарот на трудот, до образование, водоснабдување или електрична енергија, како и услови за домување. Ова го покажува ново истражување на Светска Банка насловено „Излегување од кругот на исклученост на Ромите во Западен Балкан“.

„Се сомневаме дека дел од причините за овие разлики лежат во дискриминацијата, бидејќи не е очекувано да има толкави разлики кога заедницата живее заедно. A токму тоа го откривме – дека има голем јаз меѓу ромското и неромското население“,вели Наталија Мијан, коавтор на истражувањето.

Истражувањето на Светска Банка покажува дека ромското население на Балканот се соочува со бројни проблеми. Изразени се состојбите во образованието. Интересен е и податокот дека од образованието на мајката зависи образованието на децата.

 

Ова се должи на тоа што родителите се пример за децата, но и на ниската свест на родителите за важноста на образованието, бидејќи дел од нив во истражувањето кажале дека образованието не е потребно. Дополнителни причини децата да останат надвор од образовниот систем биле трошоците поврзувани со школувањето, немањето услови за хигиена, транспортот до училиштето, но и раните бракови.

„Во 2017година, јазовитепомеѓуРомите и нивните соседи од другите за едници во уписот во задолжителното образование беа во опсегод 10 процентни поени во Северна Македонијадо 29 процентни проени во Црна Гора и 31 во Албанија ,иако запишувањето на ромските деца се прошири во сите земји. Во Албанија и во ЦрнаГора, во 2017година, барем третина од ромските деца на возрастод 7 до 15 години биле надвор од образовниот систем“, вели Мијан.

 Од Светска банка даваат и серија препораки за тоа како да се надминат ваквите состојби.

„Многу е важно образованието да започне во раното детство. Тогаш е поголема веројатноста дека ќе биде комплетирано. Потребни се мерки образованието да биде достапно, а кај родителите да се подигне свеста за важноста на истото. Потребно се и специфични политики за поддршка на родителите кои ќе ги пратат децата на училиште, особено девојчињата.“

Регионалната анкета е реализирана во 2011 и 2017 година.Истражувањето е финансирано од Европската комисија и имплементирано од УНДП со поддршка на Светска банка.

Share.