На 8-ми март ученици од Трифун Пановски ја посетија Тера

0
426

Со рачно изработено цвеќе, учениците на ОУ.др.Трифун Пановски Битола, го честитаа празникот на жената 8-ми март во Тера телевизија.

Меѓународниот ден на жените, популарно наречен Осми март е празник на економските, политичките и општествените достигнувања на жените. Идејата да се одбележува овој празник се појавила во почетокот на 20 век во време на индустријализацијата и економската експанзија која често доведувала до протести поради лошите работни услови. Во 30-тите години некои држави престанале да го одбележуваат овој празник, но во 1975 година Обединетите нации почнале официјално да го одбележуваат.
Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин. Веќе идната година празникот го одбележале милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија