Невремето го падна од системот блокот 1 во РЕК Битола

0
1826

Поради невремето во Битола во саботата проследено со силен ветер, дожд и електрични празнења, дојде до надворешен удар на мрежата по што автоматски дојде до пукање на одводник за пренапон на Блок 1 што автоматски од безбедносни причини го одвојува блокот од мрежата. Настанот се случил во саботата вечерта во 23.50 часот и санирањето на состојбата траеше до 02:00 часот ноќеска, односно до раните утрински часови во понеделникот. По испадот на Блок 1, веднаш е активиран Блок 3 на негово место, кој досега се држеше во резерва, и производството продолжи преку блок 2 и 3, а исто така поради полните акумулации електрична енергија во овој период во значајна мера се обезбедува преку хидроцентралите, соопштија од Електрани на Македонија.