ТЕРА

REKLAMA???

НЕВРЕМЕТО ОШТЕТИ И УРНА 30-ТИНА ДРВЈА НИЗ БИТОЛА

Попладневното невреме кое ја зафати Битола предизвика оштетување и целосно паѓање на околу 30-тина дрвја.

Поради тоа екипите на ЈП „Комуналец“ од секторот Јавно Зеленило излегоа на терен и во поголема акција успешно ги расчистија сообраќајниците кои беа препречени од паднатите дрвја.

Од претпријатието велат дека исто така пристапија кон миење и метење на сообраќајниците низ градот и централното градско подрачје заради целосно отстранување на последиците од невремето.

Во наредните денови ќе продолжат активностите за расчистувањето на сите зелени површини.

фото: ЈП „Комуналец“ Битола