Невремето предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија

Делови од Битола останаа без снабдување со електрична енергија поради вчерашното сериозно невреме. На терен се забележуваат откорната вегетација, паднати столбови и искинати кабли, информираат од ЕВН.

Од таму велат дека екипите на Електродистрибуција без прекин работат на терен. Се работи за повеќебројни штети во нисконапонската мрежа како последица од невремето.

Доколку дозволуваат временските услови, се очекува во текот на денот во целост да се санираат сите дефекти и да се нормализира снабдувањето со електрична енергија за корисниците на овој регион, информираат од ЕВН.

 

 

Сподели