Невремето целосно ги уништи овошните насади

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Невремето што синоќа ја зафати Преспа  предизвика поголеми штети на јаболковите насади кои беа погодени од град, уништени беа кровови на куќи и приколки на потегот од Претор до Долно Дупени.Вакво невреме одамна не се памети во овие краишта, велат жителите. Огромна е и штетата  на овошните насади во должина од 10 километри. Покрај плодот оштетени се и дрвјата.

-Буквално се случи водопад од град и дожд, се истури небото проследено со силни ветришта кои однесоа дрвја. Уништени се овошните насади во селото Крани, Штрбово, Наколец, дел од Сливница, дел од Долно Дуипени, Брајчино и Љубојно, рече Љубе Пампулевски, овоштар.

Невремето кое синоќа половина час корнеше дрвја, бандери и покриви од куќи во Преспа направи голема материјална штета, но за среќа нема повредени, рече градоначалникот на ресен Живко ГоШаревски .

Share.