Невреме во Германија, гром погоди две девојки додека правеле селфи

0
845

Силно невреме погоди многу градови во Германија. Во многу делови од земјата дождовите предизвикале и поплави.

Синоќа во Бохум две жени се здобиле со тешки повреди, бидејќи гром удрил во нив, додека се обидувале со мобилни телефони да го фотографираат невремето. Изгубиле свест, а очевидците повикале итна помош.

Едната жена завршила со повреди опасни по живот и доктори кај неа морале да извршат реанимација, а тешко повредена и е нејзината пријателка.

Веднаш по несреќата, пожарникарите добиле голем број повици поради градот и силните дождови, кои поплавиле многу подруми, а поради нив повеќето улици биле и непороодни.

Силниот дожд и надојдената вода срушија дури и покриви на неколку куќи и бензински пумпи, уништени се десетици автомобили, а луѓе останаа заробени во трговските центри.