Невреме во Италија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Речиси цела Италија е зафатена од силно невреме што се движи север кон југ и предизвика нагло паѓање на температурите на 8-10 степени, јави агенцијата АНСА.

Засега нема пријави за жртви или повредени.

Главниот град Рим синоќа беше погоден од силен град кој го покри асфалтот во многу области, вклучувајќи го и историскиот центар. Многу патници беа заробени во колите поради поплавените улици. Затворени се и неколку метро станици, а не сообраќаат и некои локални возови. Водата, на некои места длабока и половина метар поплавила и неколку историски знаменитости.

На север, Милано беше погодено од торнадо што предизвика значителни штети од паднатите дрвја. Локалните власти веднаш одобриле помош од 6 милиони евра. Штети се пријавени и во Болоња и Римини, а невремето предизвика и големи пореметувања на редот на летање на сите италијански аеродроми.

sdk.mk

Share.