ТЕРА

REKLAMA???

НЕВРЕМЕ ВО СЕВЕРОИСТОЧНИТЕ ДЕЛОВИ НА МАКЕДОНИЈА

Во североисточните делови од земјава попладнево е нестабилно со локална појава на невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, град и силен ветер. Со поинтензивни процеси беа опфатени подрачјата на Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница. Доцна попладне невреме ја зафати и Скопската Котлина, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Како што најавуваат, во северните, централните и источните делови и во наредните часови ќе биде нестабилно со услови за локална појава на невреме со силен ветер, пороен дожд, електрични празнења и град. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира.

Невреме проследено со град го зафати регионот на Пробиштип.Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видео снимки на кои се гледа дека невремето, кое се случило околу 17.30 било проследено со силен ветар и  град, а како што велат се траело кратко  околу пет до десет минути.

Бурата што траеше петнаесетина минути во Кочани и Виница предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури.

МИА