Невреме во Унгарија, Хрватска и Романија

0
860

Неколку илјади домаќинства во источниот дел на Унгарија се без електрична енергија, откако за време на викендот земјата беше погодена од снежно невреме.

Снегот предизвика проблеми во железничкиот и патниот сообраќај.

Невреме ја погоди и Хрватска, каде војската се бори со најдојдената река Сава, чиј водостој е на рекордно високо ниво.

Десетици летови се откажани денеска во Романија поради снегот и замрзнатиот дожд.