Невреме со дожд и град ја погоди Преспа

Пороен дожд, ветер и град попладнево ја погоди Преспа. Според информациите градот предизвикал и штети на овошните насади низ преспанскиот регион.

Од општината информираат дека веднаш по големото невреме кое го зафати преспанскиот регион, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски излезе на увид во село Царев Двор.

„Уште во понеделник ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штети, а во најкус можен рок ќе се формира општинска комисија која ќе направи проценка на шетите. Сите алатки кои се во наши раце ќе бидат употребени во заштита на трудот на преспанскиот земјоделец“истакна градоначалникот Гошаревски.

До крајот на деното променливо облачно, на места сеуште нестабилно со повремен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта облачноста ќе се намалува.

Утре променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.

 

Сподели