Недела е прочка а од понеделник почнува велигденскиот пост

0
474

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден.
Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ.

Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните.Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а си простуваат и пријателите. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!”, на што другиот одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа.
Велигденскиот пост е најстрог и најдолг. Трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. Постот не значи само откажување од мрсна и обилна храна и алкохол, туку постење со мислите, воздржување од лошо, правење милостиња.
Прочка е и време кога во нашите краишта особено во Прилеп се организираат масовни свечености, а еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето по повод овој празник од неодамна воспоставен е прилепскиот карневал .Според народните верувања се вели дека на денот Прочка почнете со нештата одново свртете го погледот кон иднината заборавете го злото, запомнете го доброто, заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.