ТЕРА

REKLAMA???

НЕДОСТИГ НА ДОКТОРИ, СЕ ЧЕКА ОДОБРЕНИЕ ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА

Како во сите болници низ државата, така и во битолската недостига медицински кадар. На Инфективното одделение се само двајца доктори, а кадар недостига и на Одделенијата за педијатрија, неврохирургија и неонатологија, вели директорот на клиничката Болница во Витола. Др.Александар Обедниковски.Поднел барање за 94 нови вработувања веднаш откакао бил назначен за директор на клиниката.

„Како во цела Македонија кадар недостасува на секаде во болниците. Се надевам дека ќе има вработувања за брзо време, бидејќи тоа го одлучува Министерството за здравство, ние само спроведуваме наредби. Ние бараме 94 вработувања за битолската болница, така што колку ќе ни одобрат тоа зависи од Министерството за финансии и Министерството за здравство. На Инфективното одделение се двајца лекари и заради тоа работи од 7 на сабајле до 19 часот на вечер, потоа презема Интерното одделение и Ургентна медицина. Веднаш кога дојдов на чело на клиниката тоа беше јули крајот, почетокот на август поднесов барање за вработувања. Притисокот е постојан од нас, бидејќи дополнително бараме да доаѓаат и доктори од Скопје кај нас,“ рече Д-р. Александар Обедниковски, директор на битолската болница. .

За да се пополни недостигот на кадар во болницата доаѓаат и доктори од други градови.

„Точна бројка на колку доктори незнам, доаѓаат и за педијатрија и за неврохирургија доктори и за неонатологија.Таму сме со најамал број на доктори“, рече др.Обедниковски.

Клиничка болница е сеуште клиничка болница и нема да го изгуби тој статус со сите специјалности кои ги има, тврди др.Обедниковски. Тој вчера кажа дека Инфективното одделение заради заштеда на електрична енергија е преместено во модуларната болница и ги отфрли гласините дека зградата ќе се продава. Рече дека се собираат средства од Комората на Југозападна Македонија за да се реновира.