Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат нарко тест за пратениците

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дали во понеделник пратениците доброволно ќе прават тестирања за наркотици зависи од претседателот на Собранието , Талат Џафери кој треба да ја разгледа и да одговори на иницијативата поднесена од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателот на македонското Собрание не ги коментирал и нема да коментира изјави на пратенички групи. Во моментот кога во Кабинетот на петседателот на Собранието ќе стигне конкретна иницијатива, претседателот Џафери ќе ја разгледа, ќе се произнесе за неа и ќе постапи согласно надлежностите што му ги обезбедуваат Уставот, Деловникот и Законот за пратеници“, велат од Кабинетот на Џафери.

Претходно осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до медиумите информираа дека денеска ќе поднесат иницијатива до Собранието сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства.

„Бараме Собранието в понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе. Воедно, предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, административни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно“, пишува во соопштението.

 

Share.