Незапамтено невреме во Италија: град со големина на портокали

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 18 лица се повредени, меѓу кои и една трудница, во невреме проследено со град со големина на портокали, кое вчера го ззафати италијанскиот град Пескара.Повредените се пренесени во градската болница, а трудницата добила повреди на лицето и главата. Останатите повредени добиле повреди на главата и модринки.Во невремето паднале и 200-годишни борови дрвја во близина на Равена, а поплавени се и делови од Ромања, Марше и Абруцо, пренесува Анса.По невремето во Пескара, улиците во градот се претворени во реки на неколку локации во градот, а во центарот имало дури 10 сантиметри вода.Според прогнозата на Акјуведер, ново невреме се подготвува за јужна и југоисточна Европа ноќеска.Невремето кое во последните два дена мина низ Шпанија и Италија предизвикувајќи невидени поплави, денес се сели во соседните земји, а се очекува невремето од централна Италија да се префрли на јужниот дел на Балканот.

mkd.mk

Share.