Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата кај Ласкарци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сопственикот на Дурмо турс оди во притвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 луѓе, одреди судот. Притвор му е одреден и на второосомничениот во овој случај, кој е раководите на фирмата, а третоосомничениот добил домашен притвор. За еден од осомничените има мерки за претпазливост, а за уште тројца се уште трае распитот

Неисправни сопирачки на автобусот и недозволена брзина на движење, како и пропусти во работењето на компанијата, се главните причини за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари, а во која загинаа 15 луѓе, соопшти обвинителот Сашо Рајчев.

Истрагата покажала дека возачот се движел со брзина од 99 километри на час иако на автопатот било дозволено возење со 80 километри на час и дека го активирал уредот за манипулација на тахографот за да не ја прикаже вистинската брзина на движење. Поради големата брзина, тој изгубил контрола и излетал со автобусот во бездна.

Рајчев соопшти дека седум лица се приведени во врска со несреќата, меѓу нив се и возачот на автобусот и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“. Шестмина се осомничени за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а седмото лице е осомничено за несовесно работење во службата.

Share.