Некои од пешачките премини преобележани на трошок на фирмата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Најавив дека тендерската постапка која ќе биди спроведена ќе овозможи гарантирање на квалитетна изведба на пешачките премини. Во договорот стои дека доколку имаме пешачки премин кој што е избришан, онај кој што е изведувач практично да направи реобновување на сигнализацијата без трошок на општината. Знам дека одделението за јавни и комунални дејности по свој надзор кој што го изведува како контрола, има алармирано за одредени делови каде што не е прифатена изведбата и е направено ново изведување од страна на изведувачот, и дека тие се постојано во контрола. На тој начин го контролираме она што го финансирала општина Битола, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Share.