ТЕРА

REKLAMA???

НЕМАЛО РЕСТРИКЦИИ, ТУКУ НАМАЛЕН КАПАЦИТЕТ НА ВОДА

Попладневно јавното претпријатие „Водовод“ Битола ја информира јавноста дека моментално се соочуваме со недостиг на вода, поради што дел од корисниците во неколку делови од градот имаат прекинато или отежнато водоснабдување.

„Сакаме да нагласиме дека не се работи за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најмногу е погодено водоснабдувањето во високите деловите од ниската зона. Апелираме до станарите од висококатниците да ги стават во функција своите хидрофорски постројки, со цел да се обезбеди подобро и постабилно водоснабдување. Повторно упатуваме апел до сите граѓани за совесно и рационално користење на водата“ стои во соопштението.