Нема официјална информација за откажување на лидерската средба

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лидерската средба, која премиерот Зоран Заев ја закажа за денеска и за која тој предложи три главни теми – законот за јавното обвинителство, пописот и измените на Изборниот законик, се уште е ниезвесна. Засега нема официјална информација дека лидерската е откажана, како што објавија некои медиуми.

Поканата за средбата ја прифатија претседателите на ДУИ и на Алијансата за Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остана на ставот дека нема да присуствува. Вчера од ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека ако воопшто се одржи лидерска средба на која ќе присуствува Мицкоски, тогаш таа ќе биде исклучиво за предвремени парламентарни избори.

Од СДСМ, пак, велат дека Мицкоски бега од лидерската, од реформи и од јавноста. Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вчера по завршувањето на седницата на Централниот одбор на партијата, за тоа како ќе постапат доколку Мицкоски не дојде на средба и како ќе обезбедат двотретинско мнозинство за законот за Јавното обвинителство, порача да се почека утрешниот ден да се види исходот.

slobodnaevropa.mk

Share.