Нема пари за Монмартр

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Меѓународниот ликовен конкурс „Битола 2019“ беше распишан во почетокот на септември 2018 година, а траеше до 20 февруари 2019 година. На конкурсот учествуваа 333 училишта, со 15.671 цртеж од 34 земји од Европа и светот.
Меѓународното стучно жири од вкупниот број пристигнати творби на конкурсот за 37-та меѓународна изложба на детски ликовни творби избра 806 творби, а ќе биде отворена на 23 мај оваа година во просториите на Националната детска ликовна галерија.

Оваа година како што вели Хаџи – Антоновски брендот на Битола и на државата, кој секоја година носи учесници од целиот свет во нашиот град е разочаран од распределбата на сретствата од Министерството за култура.

Веруваме дека се работи за некаква грешка посочува Хаџи – Антоновски и прашува дали е можно некој да го негира Малиот битолски монмартр. Бараат повеќе сретства за да може да се организира и одржува оваа манифестација.

Минатата година поддршка имале и од Општина Битола, но не знаат дали и оваа година ќе биде така, се надеваат дека и годинава ќе го организираат Малиот битолски монмартр и ќе ја претстават Битола и Државата во најдобро светло.

Поканети се да учествуваат и на други меѓународни ликовни колонии.

Се надеваме дека овие успеси на Детското ликовно студио нема да бидат занемарени посочува Хаџи – Антоновски и додава дека оваа изложба е како што вели бисер на државата.

Share.