Необична скулптура со Меркел и Бајден направени од стари телефони и екрани

Скулптура направена од електронски отпад со фигури на светски лидери, кои учествуваат на Самитот Г7, беше поставена во Корновол, со цел да се подигне свеста за овој голем проблем.

Таа беше наречена „Планина на рециклирање“ и направена e за да го сврти вниманието на светските лидери кон проблемот со отстранување на е-отпадот пред самитот.

Скулптор на ова многу интересно дело е Ео Раш, кој изјави дека се надева дека на овој начин ќе успее да докаже дека мора да се направат такви електрични уреди кои подоцна ќе можат полесно да се рециклираат.

Прочитајте и: Се продава куќата на Дарт Вејдер – вистинско вселенско царство


– Уредите мора да бидат направени така што да траат подолго затоа што работите завршуваат на депонии многу брзо – рече Раш.

Според официјалните податоци, во 2019 година се фрлени над 53 милиони тони електронски отпад, што е девет милиони повеќе од пет години порано, пишува Би-Би-Си.

Сподели