Необични, авангардни фризури на 12-от Hair fair 2018

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Богатство од креативни идеи за фризури, најнови трендови од полето на стајлингот за коса, беа само дел од 12 тото издание на фестiвалот за фризура , мода и убавина “HAIR FAIR 2018” кој оваа година се одржа во Охрид.

Организаторот на оваа манифестација , Македонската фризерска асоцијација, се погрижи оваа година да учествуваат престижни фризерски имиња како од Балканските простори, така и пошироко од Европа.
-Oваа манифестација од година во година станува се попосетена и со поквалитетна програма-информираше претседателот на македонската фризерска асоцијација Димче Ивановски.
Pокрај станските гости дел од оваа манифесатациjа беа најпрестижните фризерски имиња од нашата земја.
Гостите Џанкарло Миланезе од Италија и Гоце Ралевски, најдобриот и најтрофејниот македонски фризер и стилист, кој 40 години живее и работи во Малме, Шведска ги воодушевија присутните.
Миланезе поседува титула HAIR MASTER во Италија. Добитник е на повеќе награди и признанија.
Директор и основач е на Giancarlo Milanese International Academy.
Битолчанецот Ралевски е добитник на првото место во 1984 и 1985 тата година на Stockholm hair open, во 1990-тата на го освојува 3-тото место во Ротердам, истата година е добитник на првото место на SKANDINAVIA HAIR, во 1992-та го освојува 5-тото место екипно со репрезентацијата на Шведска на WORLD CUP TOKIO. Рлевски бил стилист на победничката од Шведска на Евровизија во 1991 , стилист на модната агенција ЛМ за Скандинавија, едукатор е во Скандинавија за компаниите WELLA и Schwarzkopf и сопственике на AVANTGARDE STUDIO во Малме.
Првиот ден од фестивалот беше натпреварувачки, каде учесниците се натпреваруваа во категориите
– Машко потстрижување, Женско потстрижување, Пунџа на долга коса,Невестинска фризура и фризура Фантази.
После самиот натревар беа доделени повеќе награди, после што следуваа шоу перформанси на фризери од фризерските клубови од повеќе македонски градови.
Вториот ден беше резервиран за шоу перформанси  на  најдобрите фризери – стилисти од Италија, Турција, Грција, Албанија и Косово.
12 -тото издание беше заокружено со едно прекрасно дружење на кое учесниците од сите земји ја презентираа својата култура, музика и традиција.
Овој фестивал стана бренд на Македонија, на кој со задоволство веќе 12 години гостуваат најпознатите како македонски, така и фризери стилисти од целиот свет.

Share.