Необично изборно рекламирање во Индија: Користат кучиња како подвижни реклами

Изборите во индиската држава Утар Прадеш во последните денови кренаа голема прашина на Интернет.

Причината за тоа е што некои политички кандидати користат кучиња скитници како подвижни реклами, поточно, тие лепат и закачуваат рекламни постери на нив и ги оставаат да шетаат по улиците така.

 

Прочитајте и: Нарачал „ефтин iPhone“, а пристигнал пакет голем колку него (ВИДЕО)


Досега се забележани реклами за најмалку двајца кандидати, по еден од провинциите Рае Барели и Балиа. Фотографиите кои кружат на Интернет ги налутија активистите за заштита на правата на животните, но еден од двајцата кандидати не се сомнева во неговата одлука.

– Нема забрана за употреба на кучиња скитници во кампањата. Ние не им штетиме, ниту ги злоупотребуваме на кој било начин. Всушност, ние ги храниме секој ден. Тоа е благородна идеја и на гласачите им се допаѓаат ваквите новини – рече кандидатот.

-Како би се чувствувал еден човек ако за време на изборната кампања му залепиме лепенки на лицето? Само затоа што животното не може да се жали, не значи дека треба да се однесуваме така. Полицијата треба веднаш да реагира на такви работи – одговори активистката Рена Мишра.

Сподели