Неочекувано: Чеси предадоа тенк во акција за собирање нелегални пушки и пиштоли

Чеси предадоа тенк Т-34 и артилериско оружје СУ-100 за време на неодамнешната амнестија за оружје спроведена во оваа земја.

– Кога снимавме промотивно видео за амнестија на оружје и, се разбира, со претерување, нагласивме дека ќе прифатиме дури и тенк, не очекувавме дека тоа може да ги инспирира луѓето навистина да го сторат тоа. Ви претставуваме дел од предадените предмети: артилериско оружје СД-100 и тенк Т-34/85 – наведе чешката полиција на нивната страница на Фејсбук, пренесува ТАС С.
Агенцијата наведува дека овој пост на Фејсбук е придружен со фотографија од советски воени машини од времето на Втората светска војна.

Прочитајте и: За милијардерите нема криза – тие заработуваат и во време на корона пандемија


ТАС С известува дека самоодното руско оружје СУ-100 било произведено како СД-100 во Чехословачка под советска лиценца помеѓу 1953 и 1956 година, каде биле собрани вкупно 770 единици, додека Советскиот Сојуз произвел вкупно 4,011 машини.

Тенкот Т-34-85 исто така бил произведен во Чехословачка помеѓу 1952 и 1958 година во 3.185 примероци, а некои од нив сè уште се користат во некои африкански земји, пренесува агенцијата.

Сподели