Непроодни патишта во кичевско и прилепско и проблем со струјата

0
400

Во општина Прилеп регионалниот пат Прилеп-Витолиште е прооден со зимска опрема.
Во општина Демир Хисар непроодни се локалните патни правци за населените места: Големо Илино, Мало Илино, Зашле, Велмевци и Радово.
Прекин во напојувањето со електрична енергија има во населените места Мало Илино, Големо Илино и Железнец. Екипи од ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Во општина Кичево моментално непроодни се планинските села: Патеец, Козичини, Јудово, Ехлоец, Иванчишта, Душегубица, Малкоец, Кнежино и Осој.
Од ЕВН информираат дека поради проблеми со наврнатиот снег без електрична енергија се селата: Белица, Брждани, Свињишта, Козица и Кладник.

Ова беа информациите за состојбата во Македонија по обилните врнежи од снег до 12 часот.