Несреќа на Алпите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Швајцарската полиција соопшти  дека една жена загинала, а три лица се повредени во лавина на Алпите, во близина на границата со Италија.

Лавината погодила четворица скијачи вчера попладне, откако тргнале од планинска колиба во областа Арола.

Спасувачките екипи успеале да ги спасат скијачите и со хеликоптер ги пренеле во болница, но швајцарската полиција соопшти денеска дека едно од тие лице, 40-годишна жена, им подлегнала на повредите.

Share.