Нестабилно време во југозападниот дел на земјава

Југозападниот дел од земјава од 13:00 до некаде 14:00 беше зафатен од нестабилна облачна маса проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претпладнево нестабилно со пороен дожд и грмежи во Скопската Котлина, во околината на Кавадарци и Гевгелија.

До вторник ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град.

 

Сподели