ТЕРА

REKLAMA???

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ

Утрово 8 степени во Лазарополе, Попова Шапка, 10 Маврови Анови, 11 Крушево, Берово, 12 Крива Паланка, Претор, 13 Прилеп, Битола, Охрид, 14 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, Виница, Дојран, Дебар, 15 Тетово, Демир Капија, Куманово, Велес, Кавадарци, 16 Скопје-Зајчев Рид, 17 Гевгелија.

Најмногу дожд 40 л/м2 наврнаа во Крива Паланка, 29 Струмица, 25 Дојран, 23 Ѓуриште, 20 Пожаране, 18 Крушево, 16 Маврови Анови, 12 Виница, 10 Попова Шапка, 9 Прилеп, 7 Тетово, 6 Куманово, 5 Демир Капија, 4 Битола, 1 Скопје-Зајчев Рид,  Гевгелија, Кавадарци.

Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно, во втората половина од ноќта и утрово облачно време, во западните и северозападните региони со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Времето денеска променливо облачно со повремен дожд, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Битола до 23 степени.