Пред советниците на Советот на Општина Битола се најде и кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола во првиот квартал од 2023 година. За владеачката партија бројките кажувале дека имало 25,7 проценти реализација.

За опозициската СДСМ исто како и завршната сметка во изминатата година, покажувало дека парите се трошпат на граѓаните , меѓутоа ефект од тоа немало.

За Левица кварталниот извештај не бил нешто посебен, како и претходните.

Пред седницата вчера, претседателката на Советот рече дека ставот ќе го кажат на говорница,

Кварталниот извештај не помина. ВМРО ДПМНЕ со 13 гласа беше за овој квартален извештај, со исто толку гласа против беа СДСМ и коалицијата, а воздржани беа советниците од Поинаку и Левица.












