Не поднесувам оставка, нема корупција во Антикорупциска

0
350

Јас не чувствувам одговорност, не бев посочен како одговорен ниту во извештајот и од тие причини немам намера да поднесам оставка, изјави претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Игор Тантуровски, по обелоденувањето на скандалот за трошењето во Комисијата.

„Извештајот беше направен за интерна употреба, но целта на неговото објавување во јавноста беше единствено да се дискредитира Комисијата и нејзините членови. Тоа што беше објавено е парафразирано и е далеку од вистината. Целта на извештајот беше да се дадат препораки за тоа како да се постапува за одредени недоследности“, рече Тантуровски.

Ревизорскиот извештај на УЈП за работата на Комисијата што беше објавен во медиумите покажа дека некои од членовите користеле неверодостојни патни налози за кои им биле исплаќани патни трошоци. Дополнително, како ненаменско трошење буџетски пари се посочуваат и трошоците за ручеци и вечери во ресторани, што членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување стан.