„Не те вадам од памет“ е новата песна на Лозано

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскиот популарен поп пејач Влатко Лозаноски – Лозано, на почетокот на овој месец ја промовираше својата нова песна насловена „Не те вадам од памет“, која за кратко време откако беше објавена достигна гледаност од 200.000 со што во тие денови се искачи на првото место на трендинг.

„Не те вадам од памет“ премиерно беше изведена на концертот кој Лозано го одржа на 2-ри август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, каде присутната публика во еден  глас ги пееше сите негови хитови.

Како и на сите негови претходни хитови како композитори се потпишуваат братско-сестринскиот тим Лазар и Магдалена Цветковски.

Режисер на видео записот е Даниел Јовески, моделот кој се појавува во спотот е Мартина Михајловска, а за стајлингот се погрижија битолчанецот Андреј Папаз и Александра Гатовска.

Share.